февруари 7, 2015

Скопје, 7. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Свети Григориј Богослов, познат и како Григориј Назијанзанин (иако тоа има всушност повеќе се однесува на неговиот татко) и Григориј Помладиот, бил архиепископ на Константинопол, кој се смета за еден од најголемите богоносни отци и учители на христијанската црква.

Познат е и како најиздигнат реторичар од времето на Црковните отци. Како образуван оратор и филозоф, тој успеал да влијае на воведувањето на хеленизмот во ранохристијанското учење, со што се создала парадигма меѓу византиските теолози и црковни лица.

Имал значително влијание врз теологијата на Светото Тројство, меѓу грчките и латинските теолози, па заедно со Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст се вбројува во светите Три патријарси, кои се празнуваат на 12 февруари.

Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари.

Свети Григориј Богослов бил роден околу 330 година во гратчето Аријанз, Кападокија во Мала Азија. Подоцна, главно под влијание на сопругата, тој ја примил христијанската вера и им се обратил на отците на Никејскиот Собор во 325 година со молба да ја прими светата тајна Крштение, и бил крстен од архиепископот Кападокиски Леонтиј. Набргу бил избран за презвитер, а потоа и за епископ на Назианз, како наследник на Леонтиј. Тој мошне долго управувал со епархијата, покажувајќи кроткост како пастир и строгост како администратор.

Стекнал блескаво образование, коешто започнало во Назианз, кадешто Григориј учел заедно со Кесариј. Потоа тој го посетувал школото во „митрополијата на науките“ Кесарија Кападокиска, кадешто за прв пат се сретнал со свети Василиј Велики.

Григориј, исто така, „вкусил нешто од словесноста“ во Александрија, којашто ја нарекувал „лабораторија на сите науки“. Како во Александрија, така и порано во Кесарија, Григориј можел да се запознае со литературното наследство на Ориген, којшто предавал во двете училишта; во Александрија Григориј имал можност да се среќава со свети Атанасиј Велики, а исто така и да слуша лекции на прочуениот егзегет Дидим.

По враќањето во татковината, речиси против своја воља и по долго колебање, ракоположен е за презвитер во Назијанз од страна на татка си. На Пасха 362 година, ја превзема пастирската должност во градот, и во таа прилика го изговара знаменитото слово – „Кон светата Пасха и за колебањето“, поместено во овој број на нашата периодика.

При крајот на животот ги напуштил епископските должности и си ја исполнилдамнешната мечта – се предална богосозерцателен живот, патувајќи по пустините и монашките обители. Се упокоил во 389 г. (Крај)

извор: МПЦ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука