февруари 24, 2017

Охрид, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод почетокот на престојните велигденски пости, Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници за распоредот на празничните богослужби.

Во недела, на 26-ти февруари 2017 година – Прочка, во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“ во Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие), исто така од понеделник до четврток ќе се служи едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско“.

Предвидени се утрена со часови и вечерна литургија во: 07:00, големо повечерие со канонот на Св. Андреј Критски во 16:00 часот и на први март архиерејска преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреовештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука