Торино, 1. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Европските медиуми на големо пишуваат дека на повидок е голема размена на фудбалери помеѓу италијанскиот шампион Јувентус и англискиот премиерлигаш Ливерпул.
Информациите велат дека челниците на тимот од Торино веќе подолго време не кријате дека се заинтересирани за услугите на германскиот репрезентативец Емре Чан, чие ангажирање е еден од нивните приоритети во зимскиот преоден рок. На Германецот му истекува договорот на крајот од сезоната, без најави за негово продолжување, што наметнува отворена можност за Јувентус да договори трансфер за следното лето.
Но, Италијанците го посакуваат Чан многу побрзо поради што се подготвени во Ливерпул како замена да го испратат хрватскиот интернационалец Марко Пјаца како и дополнително само пари како отштета. (Крај)
извор: Спорт1.мк фото: архива