август 27, 2019

Охрид, 27. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Популарните алатки на Access Consciousness вечерва ќе бидат презентирани и пред охридската публика.

Од 19:00 часот во кафе барот Shilla ќе е одржи воведното предавање кое ќе го води Бисерка Хорватин од Хрватска.

Алатките Access Consciousness се достапни во над 170 земји и придонеоа за промена на животот на десетици илјади луѓе низ целиот свет во последните 30 години. Гару Даглас и др.Даин Хеер пред повеќе од 25 години развиле збир на алатки и процесси кои го менуваат животот и ги именувале Access Consciousness® или Пристап кон свесноста. Нудат помош за да создадете сè што посакувате, на различен и полесен начин и да ги менувате нештата во вашиот живот што досега не сте биле во можност да ги промените. Овозможува да знаете да станете целосно свесни и да започнете да функционирате како свесно суштество што навистина сте. Практично, динамично и прагматично, тоа обезбедува одделни чекори за да ви олеснат да бидете повеќе свесни во секојдневниот живот и да ги елиминирате сите бариери.

Едноставни се, но многу функционални, алатките помагаат на луѓе од сите возрасти и потекла и ги бришат ограничувањата, програмите и верувањата кои ни ја оневозможуваат полнотијата на живеењето, велат организаторите.

Темелната техника на Access e Bars, а курсот ќе се реализира утре од 15:00 часот. BARS се состои од 32 точки на главата кои кога ќе се активираат со нежен допир, го отпуштаат енергетскиот набој кој е врзан за  пари, исцелување, мир, тело, креативност, контрола, форма, структура, радост, тага, свесност… Тоа е како да влезете во ‘hard disk-от’ на вашиот мозок и да ги избришете датотеките кои не ви се корисни.

На 30-ти август ќе се одржи вечерна работилница „Дали си критичен кон себе“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука