февруари 24, 2020

Охрид, 24. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања, охридскиот Црвен крст организира низа активности насочени кон превенција и заштита од срцево-садовите заболувања.

Во соработка со Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид денес во просториите на Црвен крст Охрид, д-р Виолета Мојсовска одржа предавање за превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови.

Image may contain: 1 person, sitting, table and indoor

– Во 2019 година се регистрирани околу 18 милиони луѓе кои починале од овие болести. Стануав збор за навистина огромна бројка, која не смее да се игнорира. Она што е најважно е што 60 посто од овие пациети се со прематурна смртност од 30 до 60 години. Границата на појава на кардиоваскуларните заболувања е намалена и ризикот се зголемува во многу порани години. Многу млади луѓе не ги земаат за сериозно кардиоваскуларните болести, сметајќи дека се премногу млади за да заболат и не ги менуваат навреме животните навики, истакна д-р Мојсоска.

Според неа, најголем влог во превенцијата и промените да се користат информациите за да се сменат животните навики, да не се пуши, да се внимава на исхраната, на шеќерот во крвта, на крвниот притисок…

– Се’ што може штетно да влијае на здравјето да се менува веднаш. Со редовни контроли на лекар, може да се констатира проблемот. Решение има, но мора навреме да се јавите на лекар, напомена д-р Мојсоска.

Image may contain: 2 people, people sitting

– Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17 милиони луѓе. Во Европа околу 50% од сите смртни случаи, се предизвикани од овие заболувања. Се повеќе заболуваат лица под 65 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Доколку не се превземат соодветни мерки, до 2030 година, 23,6 милиони луѓе, секоја година ќе умираат од срцево-садови заболувања (главно од срцеви и мозочни удари). Статистичките податоци за Македонија покажуваат дека и кај нас срцево-садовите заболувања се водечка причина за смрт. Дебелината, неправилната исхрана, пушењето и физичката неактивност се главните причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст. Таквите нездрави навики и животен стил се се’ почести меѓу децата и адолесцентите. Токму тоа е период кога со навремени и соодветни постапки може да се насочи развојот на детето во зрела личност, одговорна за своето здравје, здравите животни стилови и со фактори на ризик сведени на најмала можна мерка, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука