„Предновогодишна филмовизија“ на охридските гимназијалци

Охрид, 15. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од завршните класови во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ подготвуваат хуманитарен настан во пресрет на новогодишните празници.

„Предновогодишна филмовизија“ е насловена забавата која гимназијалците ја подготвуваат под менторство на професорот Стефан Каневче.

За забавата ќе биде задолжен „Бесниот бенд“, кој ќе изведе 20 познати филмски теми.

Хуманитарната забава ќе се одржи на 25-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. Цената на влезницата е 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top