Предпладне сончево и топло, вечерва нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Охрид, 2. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и топло, попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 25. степени.

vremenska020617– Позначително дестабилизирање на времето ќе има од петок попладне, па во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне. Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна недела, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес/Метео

scroll to top