февруари 28, 2015

Струга, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 5-ти март во Американското Катче во Струга ќе се одржи презентација на програмата за едукација и постидипломски студии, кои ги финансира Американската амбасада во Република Македонија.

Презентер на програмите ќе биде претставник на амбасадата, стручен соработник за размена на програми за едукација.

На учесниците ќе им бидат претставени програмите: Општа Фулбрајтова програма, Фулбрајтова програма за постдипломски студии, Фулбрајтова сениорска специјална програма (за ученици и предавачи-наставници, професори), Хјуберт Хамфри Програма и Програма за едукација во институции во САД. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука