Премиерот Ковачевски ќе присуствува на одбележувањето на Богојавление Водици во Охрид

Скопје/Охрид, 18. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, утре, 19-ти јануари 2023 година, ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление Водици, во Охрид.

– Со премиерот Ковачевски, во Охрид ќе бидат и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда, Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити. Претседателот на Владата, Ковачевски и министрите е предвидено да пристигнат на Градското пристаниште во Охрид во 10:00 часот и ќе присуствуваат на осветувањето на водите на Охридското Езеро и фрлањето на светиот крст, информираат од неговиот кабинет. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top