јуни 23, 2017

Охрид/Скопје, 23. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци, се само дел од препораките на Министерство за здравство по најавата на метео алармот од УХМР дека Македонија ќе биде под влијание на топлотен бран од жолта фаза.

Оттаму препорачуваат во текот на ваквите екстремно топли денови, да се престојува во затворени и климатизиранипростории, а доколку е неопходно излегување надвор, да се прават почести одмори под сенка.

Кај хринично болните лица се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.
Според податоците од УХМР, до крајот на овој месец продолжува периодот на многу топло време, а максималните дневни температури насекаде ќе достигнат над 30 степени. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука