Приведен жител на Мороишта кај кого биле пронајдени над 7 илјади петарди

Струга, 30. декември2 017 (ОХРИДПРЕС) – Инспектори при Надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје од Струга вчера извршиле контрола во продавницата за прехрана „Лазароски Компани“ во струшкото село Мороишта.

Од објектот, кој е во сопственост на В.Л. (1962) од истото село биле пронајдени биле 7.377 парчиња пиротехнички средства – петарди. Петардите се одземени, а В.Л. бил приведен во Полициската станица од општа надлежност – Струга за понатамошна постапка. (Крај)

извор: МВР фото: архива

scroll to top