февруари 4, 2015

Охрид, 04. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Петнаесет полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид денес доброволно даруваа крв во рамките на акцијата што претпладнево се одржа во службените простории на СВР Охрид.

– Оваа хумана активност е во рамките на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкиот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената динамика, предвидени се најмалку три вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици, велат од СВР Охрид.

На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на СВР Охрид кон граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес/СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука