Пријава за 44-годишниот В.Е. од Мала Речица кој измамил жител на Велешта за 166 илјади денари

Струга, 28. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 44-годишниот В.Е. од тетовското село Мала Речица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

– Тој, во текот на јули минатата година лажно му се претставил на жител на струшкото село Велешта како вработен во општината и дека наводно може да му обезбеди градежна дозвола. Притоа, во два наврати побарал и добил вкупно 166.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

scroll to top