Продолжен мандатот на градоначалниците

Охрид/Скопје, 1. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Мандатот на градоначалниците и локалните администрации продолжени до првата половина на октомври.

Со 63 гласа „за“, попладнево пратениците во Собранието ги донесоа измените за дополнување на изборниот законик. Со нив локалните избори се одложуваат или треба да се одржат во првата половина на октомври. Со ова законско решение се пролонгира мандатот на градоначалниците и на советите на општините.

На овој начин се реши правниот вакуум, но и дилемата која ги мачеше засегнатите охриѓани, како ќе добијат дозволи за поставување урбана опрема, како да се продолжат договорите на концесионерите на плажите, како ќе функционираат угостителите и уште многу други прашања кои зависеа од добивање амин од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top