февруари 11, 2022

Охрид, 11. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму продолжува да расте нивото на водата во Охридското Езеро, во споредба со вчера е покачено за еден сантиметар.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,37 м.н.в, што е за 12 сантриметри под просекот за февруари (693,49 м.н.в), односно 27 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода измерена утрово е во рамки на месечниот просек и изнесува 6,5 степени.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерствоза землоделство, шумарствои водостопанство -управа за хидрометеоролошки работи- (споредба дневна хидролошка информацила3 реките природните езера претходниот ден очекувана енденција наредниот ден) 11.02.2022 станица- легуновце- вардар вардар 10.02.22 11.02.22 42 80 140 февруари 86 94 пчина 20 22 21 34 + 41 берово брегалница нд сушево- струмица нд 87 ложани- =1 107 81 120 табела водостои прикажани 146.95 ΜΗΜ 130 30 нд преспа 07:30 часот 146.95 охрид ез.охрид табела 693.3 144.08 693.37 вода = BO 07:30 охрид 693.49 .преспа охрид Bodocmojom (MH). 3.5 7.0 4.0 6.5 преспанско езеро XC нд изработил: 6.5 одобрил:в апсолутен минимум в.д директор, -мереньеводостој агим муртезани“

Водостојот порасна за четири сантиметри во однос на изминатите неколку дена.

Во Охрид денес сончево и релативно топло време. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност.
Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд, а на планините слаб снег. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука