Продолжува магијата на охриѓанецот Кадри Селман кој создава убавина и го разубавува Охрид (Фото)

Охрид, 9. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Кадри Селман, вработен во „Паркови и зеленило“ на ЈП „Охридски комуналец“, продолжува да создава убавина која плени, афирмирајќи го градот во вистинско светло.

Пред фигурите, кои Кадри ги обликува од украсните грмушки, застануваат охриѓани и гостите и се сликаат за спомен.

Кадри Селман, е вработен во „Паркови и зеленило” на ЈП „Охридски комуналец”. Се` е негово, од идеја до реализација. Дури самиот купил и специјални ножици.

Во 2020 година, по повод Денот на ослободувањето на Охрид, 7-ми ноември, а на предлог на група граѓани, тој доби и посебна награда за убавината која ја создава во преубавиот Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

scroll to top