февруари 4, 2015

Охрид, 04. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Црвениот крст Охрид продолжува новиот циклус на популарниот проект кај децата Час по приказни.

Станува збор за продолжување на проектот од изминатите години на детски час по приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4  до 7 години. Децата кои ќе се запишат на курсот, ќе можат бесплатно да ја користат и англиската библиотека, која е основата и функционира во рамките на ОО на Црвен крст Охрид.

Уписите траат до 20-ти овој месец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука