октомври 19, 2017

Струга, 19. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, утревечер ќе се одржи проекција на  бугарскиот филм „Слава“, во режија на Петар Валчанов и Кристина Грозева.

„Слава“ е возбудлива реалистична драма за суровата манипулација со чесен човек и корумпираната власт. Користи два многу спротивни ликови (специјалист за комуникации наспроти некој кој воопшто не може да комуницира) за да отслика општество изопачено од измама и суровост.

Филмот досега има освоено повеќе од 32 награди на светските филмски фестивали. „Слава“ е продукција на Abraxas во копрорукција со Graal Film, Screening Emotions, Aporia Filmworks и Red Carpet, а поддржан од Бугарскиот филмски центар и Грчкиот филмски центар.

Почетокот на проекцијата е во 18:00часот, а цената на влезниот билет е 100 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука