јануари 27, 2015

Скопје, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС)  – Утре во Скопје ќе се одржи промоција на новиот албум на Аделина Тахири.

Промоцијата со почеток во 11:00 часот ќе се одржи во новиот елитен хотел „Bishi Resort & Spa“ во Старата скопска чаршија.

Аделина Тахири пред пријателите ќе го промовира новиот материјал на кој веќе подолго време активно работеше, но и заедно со целиот тим на OnAir.FM Macedonia и мобилниот оператор „ONE“ ќе подготви големи изненадувања за присутните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука