април 5, 2017

Скопје/Струга, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Промоцијата на европската поетска платформа „Версополис“ која се спроведува во рамките на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“, ќе биде утре, 6 април на Саемот на книга во Скопје.

Платформата на „Версополис“ ќе ја претстават Ања Ковач, проект-менаџер на проектот „Версополис“, издавачка куќа „Белетрина“ од Љубљана, Словенија и Мите Стефоски, директор на НУ „Струшки вечери на поезијата“ (македонски партнер во проектот „Версополис“).

Настанот ќе се случува утре со почеток во 12.10 часот во просториите на Скопски саем.

Исто така, на штандот ќе има претставување и на проектот „Креативна Европа 2014-2020 на ЕУ“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука