јануари 4, 2017

Струга, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Презентирана е програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017.

Покрај карневалот и музичкиот дел, исто така ќе се одржуваат и пропратни културни настани.

На 10-ти јануари со почеток во 17:00 часот во Клубот на пензионери во Вевчани, ќе се одржи трибина на тема: „Перспективите на руралниот туризам во република Македонија со осврт на општина Вевчани“. Предавач ќе биде проф. Д-р Никола Панов, член на Академијата на убави уметности Вевчани.

Потоа, на 11-ти јануари (среда) во 18:00 часот ќе има промоција на романот „Пред шарени врати“ од Косте Шутиноски, која ќе се одвива исто така во Клубот на пензионери.

Следниот ден, 12-ти јануари (четврток) во 12:00 часот во Клубот на пензионери ќе биде отворена изложбата на слики од Ниче Василев, академски сликар.

Карневалот трае од 12-ти до 14-ти јануари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука