мај 2, 2024

Охрид, 2. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Проф. д-р Анис Сефиданис е избран за Проректор за наука на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид.

– Неизмерна благодарност до сите колеги за поддршката, особено до студентите кои се мојата неисцрпна мотивација да работам секогаш уште подобро, порача професорот Сефиданис.

Проф. д-р Анис Сефиданис е автор на четири книги од областа на IT, меѓу кои „Препознавање на облици со помош на вештачка интелигенција“ и основач на Центарот за вештачка интелигенција кој во нашата држава го донесе првиот Суперкомпјутер на компанијата NVIDIA. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Сефиданис

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука