Париз, 26. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пари Сен Жермен му порача на Арсен Венгер дека ќе треба да издвои 40 милиони фунти доколку во своите редови сака да го види Јулијан Дракслер.
Германскиот интернационалец минатата година се приклучи на францускиот тим но не успеа да се наметне како прв избор во нападот со што раководството на ПСЖ даде зелено светло за негово заминување во јануари.
Прв кандидат за негов ангажман е токму Арсенал со што како опција се јавува и можно заминување на Алексис Санчез во спротивна насока. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива