ПСЖ го комплетира и третиот најскап трансфер во историјата: Следна мета е ѕвездата на Лацио!

Париз, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пари Сен Жермен не се откажува од својот суперскап проект, а за таа цел ќе комплетира хет-трик од трите најскапи трансфери во историјата.

„Светците“ имаат пари да го расфрлаат на сите страни, но за среќа барем до некаде на патот им стои финансискиот фер-плеј, но и за него најдоа „лек“, па така минатото лето го доведоа Нејмар за 222 милиони евра, а се обврзаа идното лето да платат 180 милиони за Килијан Мбапе, кој официјално во моментов е на позајмица во Париз од Монако.

Но, тука нема да биде крајот, бидејќи ПСЖ е подготвен да го направи и третиот најскап трансфер во историјата, а овојпат воопшто не станува збор за напаѓач или офанзивец, туку за играч за врска, што го прави целиот трансфер уште полукративен.

Имено, ПСЖ се подготвува во јануари да исплати неверојатни 170 милиони евра за српскиот фудбалер од редовите на Лацио Сергеј Милинковиќ Савиќ, пренесува „Кориере дело Спорт“.

За услугите на овој фудбалер долго време се интересира и Манчестер Јунајтед за кој се зборува дека е подготвен да даде 100 милиони евра. Сепак, ниту славниот клуб од „Олд Трафорд“ сигурно не е во состојба, а и да е, сигурно нема да плати 170 милиони евра колку што се подготвени да дадат Парижаните.

Според наводите на истиот извор, целиот трансфер би требало да оди преку супер-агентот Жорж Мендеш, а во Париз се надеваат дека ќе успеат да го искористат фактот што прославениот фудбалер Матеја Кежман е застапник на Милинковиќ Савиќ, кој во текот на својата богата кариера настапуваше и токму за ПСЖ. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива

scroll to top