февруари 24, 2015

Москва, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Апокалиптично сценарио за војна меѓу Русија и Украина нема да се случи, порача рускиот претседател Владимир Путин во телевизиското интервју на “Россија-24” во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи од Нормандската четворка.

Путин додаде дека се надева дека тоа никогаш нема да се случи.

– Ако договорот од Минск се применува, источна Украина постепено ќе се стабилизира. Европа има интерес од војна точно колку Русија. Никој не сака конфликт на границата на Европа, особено пак воен, нагласи рускиот претседател.

Во однос на Крим, тој изјави дека жителите го направиле својот избор.

– Луѓето во Крим го направија својот избор и кон него треба да се однесуваме со почит. Во Русија не би можело тоа да се третира поинаку. Висок критериум за вистината може да биде само мислењето на народот, изјави Путин.

Според неговите зборови, Крим бил и ќе остане и руски, и украински, Кримско-татарски, и грчки, и германски.

– Крим ќе биде дом за сите овие народи, истакна рускиот претседател. (Крај)

извор: РИА Новости фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука