февруари 18, 2015

Ливерпул, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Управата на Ливерпул бара замена за Стивен Џерард кој ова лето заминува во ЛА Галакси, а прв на листата желби е Миралем Пјаниќ од Рома.

Според „Мирор“, „црвените“ веќе контактирале со раководството на Рома и добиле конкретен одговор дека  фудбалерот може да го добијат за 50 милиони евра.

Доколку се реализира овој трансфер тоа би било најскапото засилување во историјата на Ливерпул, но проблем е што „црвените“ го проценуваат Пјаниќ на 30 милиони евра и толку се подготвени да понудат.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука