јануари 21, 2017

Дортмунд, 21. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот на Борусија од Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг, соопштил дека голема е веројатноста по завршувањето на сезоната да го напушти клубот, но ја исклучил можноста да премине во Баерн Минхен.

Репрезентативецот на Габон, во минатото не ја криеше желбата да заигра во Реал Мадрид, а од овој клуб не го кријат интересот за Обамејанг.Покрај Реал за Обамејанг голем интерес постои и во таборот на Манчестер Сити.

Оваа сезона напаѓачот на Борусија има постигнато 20 голови на 22 одиграни натпревари. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука