февруари 2, 2015

Струга, 02. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Здружението Social Club Kombinati, од 10-ти до 30-ти април во Струга ќе организира работилница за креативност и културен развој.

Работилницата ќе биде финансирана од фондацијата Prince Claus Fund.

Учесниците на работилницата ќе бидат селектирани, откако ќе бидат оценети нивните проекти, со кои ќе можат да аплицираат до 10-ти март годинава. Проектите треба да се однесуваат на трансформирање на јавната свест за создавање на подобро место за живеење, како во однос на културата, така и заедничкото делување.

Работилниците се пред се’ наменети за студентите по архитектура, дизајн, урбано планирање, пејзажни архитекти, или уметници кои се занимаваат со визуелна уметност и мултимедија. Проектите за аплицирање можат да бидат резлизирани во услови, кои им дозволуаат на самите апликанти да го покажат своето знаење. Најдобрите ќе имаат директно учество на работилницата во април. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука