февруари 3, 2015

Охрид, 3. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По денешните протести од страна на дел од учениците во Охридската гимназија кои утрово се собраа пред зградата на училиштето и одржаа краток протест во знак на поддршка на професорите кои штрајкуваат, се огласи директорот на Гимназијата Ѕвонко Трпески кој вели дека кај не го пристигнале списоци со имињата на учениците кои не биле на настава.

– Професорите кои утрово беа на настава ги запишаа имињата на учениците кои се собраа пред училишната зграда и ми ги доставија списоците. Се работи за мала група ученици за кои ќе следуваат неоправдани изостаноци, вели Трпески.

Како што појаснува тој, до Локалната самоуправа во Охрид веќе бил доставен и список за заменски професори кои ќе ги заменат нивните колеги кои штрајкуваат веќе втори ден.

– Ние сме образовна иституција и треба да држиме одредено професионално ниво.Веќе се испратени и списоци до Локалната самоуправа по кои предмети ни требаат професори, а таа ќе делува согласно своите овластувања, вели Трпески.

Според него, најмногу штета со штрајкот ќе претрпат учениците. (Крај)

извор: ОхридПрес  фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука