јануари 4, 2020

Охрид, 4. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Дебарско-кичевската епархија Митрополија во Охрид ги информираат верниците за распоредот на Богослужбите за Божикните и Богојавленските празници.

недела, 5. јануари 2020 година – Свети Наум Охридски
– Света архиерејска златоустова литургија во манастирот „Свети Наум Охридски“ со почеток во 08:45 часот

понеделник, 6. јануари 2020 година – Бадник, Коледа
– Света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот

вторник, 7. јануари 2020 година – Рождество Христово Божик
– Света архиерејска златоустова литургија во црквата „Св. Георги“ во Охрид со почеток во 08:45 часот
– Света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот
– во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ ќе се одржи богослужба

средa, 8. јануари 2020 година – Собор на Пресвета Богородица (II ден Божик)
– Света архиерејска златоустова литургија во црквата „Света Богородица“ – Челница во Охрид, со почеток во 08:45 часот
– Света литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот.
– во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ нема да има богослужба

четврток, 9. јануари 2020 година – Свети Стефан (III ден Божик)
– Света архиерејска златоустова литургија во црквата „Св. Георги“ во Струга
– Света литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот
– Света литургија во манастирот „Свети Стефан“ во Охрид со почеток во 08:30 часот
– Света литургија за Варош во црквата „Св. Врачи Козма и Дамјан“ со почеток во 08:30 часот
– во Плаошкиот манастир „ Св. Климент и Св. Пантелејмон“ нема да има богослужба

вторник, 14. јануари 2020 година – Обрезание Господово и Св. Василиј Велики – Православна Нова година, Василица
– Света василиева архиерејска литурија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско
– Света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 08:30 часот, и во манастирот – „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник

сабота, 18. јануари 2020 година – Водокрст
– Света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 07:00 часот
– во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ Света василиева литургија со почеток во 08:00 часот

недела, 19. јануари 2019 година – Богојавление Водици
– Света архиерејска василиева литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско со почеток во 08:00 часот
– Света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:00 часот
– во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ нема да има богослужба
– во 09:45 часот поаѓање на литијата кон Градското пристаниште
– во 10:00 часот на Градското пристаниште ќе се изврши голем Богојавленски водосвет
– во 12:00 часот групно крштевање на „Сараиште“

понеделник, 20. јануари 2020 година – Собор на Свети Јован Крстител
– Света архиерејска златоустова литургија во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, со почеток во 08:45 часот
– Света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот
– во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ нема да има богослужба. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука