октомври 22, 2017

Струга, 22. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – На територијата на општина Струга во месец август биле издадени 24 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Кај 16 од нив како инвеститор се јавува физичко лице, а во 8 инвеститорот е деловен субјект.

Предвидената вредност на објектите е 223 728 000 денари. Ќе се градат 114 станови, со вкупна корисна површина од 10.291 м2, од кои најголемиот број, 46 ќе бидат трособни.

Во месец јули во Струга беа издадени 19 одобренија за градба. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука