мај 10, 2023

Охрид, 10. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Периодов продолжува константниот раст на нивото на водата во Охридското Езеро, но и понатаму е под просечното за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,40 м.н.в, што е за 25 сантиметри под просекот за мај (693,65 м.н.в), односно 30 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 12,5 степени и е за 2,5 степени пониска во однос на мајскиот просек.

Можно е да е слика од текст кој вели „министерство землоделство, шумарствои водостопанство управа хидрометеоролошки работи- (споредба 1: водостои прикажани хидролошка реките природните езера претходниот ден очекувана генденција наредниот ден) cm 09.05.23 часот легуновце вардар влив пепенец вардар вардар 104 10.05.23 132 просек Maj .брод треска 107 62 бана пчина 101 60 03 берово- брегалница 54 104 струмица новаци б.мост-црна 90 132 сатеска 79 113 98 136 MHM измерени во 07:30 146.65 = 34 охрид 146.67 з.охри 842.11 = 693.39 табела3 температурина = 693.40 ерени 844.14 асот 693.65 изработил:гм проверил:а 15.0 ниво в.д. директор, M-p ивица тодоровски водостој правото кумулации понатамошна обработка корекција вештачко промената“

И во текот на овој месец продолжува трендот на раст на езерскиот водостој, но сепак недоволно да го достигне просекот за овој период. Од почетокот на месецов нивото е покачено за пет сантиметри.

Во Охрид денес променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– И утре ќе се задржи облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Во петок и сабота ќе има повеќе сончеви периоди, а во петок попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука