Раул го објави поширокиот список за ЕП во Хрватска

Скопје, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Раул Гонзалез, селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија,го објави поширокиот список на играчи за Европското првенство, кое од 12 до 28 јануари ќе се одржи во Хрватска.

Шпанецот се реши за проверени имиња, кои и претходно биле дел од националниот тим, а единствено ново име е младиот Мартин Серафимов од Металург.

Поширок список на ракометари за ЕП во Хрватска:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

Македонија на континенталното првенство во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб.

Според распоредот, Македонија во првото коло на 13 јануари се среќава со Словенија, на 15 јануари противник на нашиот состав ќе му биде Црна Гора, а групната фаза ја затвораме со меч против Германија на 17 јануари. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

scroll to top