Рафаел Надал го откажа учеството на АТП турнирот во Бризбејн!

Мадрид, 28. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Првиот тенисер на светот, Рафаел Надал, соопшти дека нема да биде дел од АТП турнирот во Бризбејн, а како што пренесуваат британските медиуми големи се шансите дека Шпанецот нема да настапи и на првиот Грен слем во новата сезона, Австралија Опен.

„Жал ми е, но морам да соопштам дека нема да бидам дел од турнирот во Бризбејн. Имав намера да настапам, но сè уште не сум целосно подготвен, по долгата и напорна сезона. Моите навивачи ќе можат да ме видат на 4 јануари, кога ќе пристигнам во Мелбурн и ќе ги започнам подготовките за Австралија Опен“, напиша Надал.

Шпанецот по освојувањето на УС Опен мака мачи со повреденото колено, а сега поради истата повреда под знак прашалник е и настапот на Австралија Опен, каде минатата година загуби во финалето од Роџер Федерер. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

scroll to top