септември 16, 2017

Даблин, 16. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нискобуџетната ирска авиокомпанија „Рајанер“ потврди дека ќе достави официјална понуда за купување на италијанската „Алиталија“.

Директорот на ирскиот превозник, Мајкл Олеари, рекол дека планира да купи нови авиони за „Алиталија“ и да го задржи брендот.

Најголемата италијанска авиокомпанија во мај прогласи стечај за да избегне банкрот и тоа вторпат за десет години. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука