февруари 7, 2015

Мадрид, 07. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Реал Мадрид има голем проблем со повредите на неколку клучни играчи, во пресрет на денешното градско дерби со тимот на Атлетико.

Откако на последниот дуел од Ла лига со Севиља, Реал остана без Серхио Рамос и Хамес Родригез, на кои им се предвидува повеќенеделна пауза, вчера беше потврдена информацијата дека во тимот нема да биде ниту Бразилецот Марсело, кој е суспендиран поради тоа што има добиено пет жолти картони.

Карло Анчелоти се соочува и со здравствените проблеми на Пепе, а веќе подолго време надвор од терените е и Лука Модриќ.

Добра вест за Анчелоти е тоа што по два меча пауза поради црвен картон, во тимот се враќа главната ѕвезда Кристијано Роналдо. (Крај)

извор: ОхридПрес/Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука