јануари 24, 2015

Мадрид, 23. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Како што објави консултантската куќа „Дилоит“ , екипата на Реал Мадрид со заработени 550 милиони евра изминатата година е клуб со најголем приход во светот.

На второто место се наоѓа клубот од „Олд трафорд“ Манчестер јунајтед кој минатата година имал приход од 518 милиони евра, што е за 95 милиони евра повеќе во однос на 2013 година.

Третото место со 487,5 милиони евра приход го држи Баерн Минхен  додека Барселона е четврта со 484,6 милиони евра. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука