февруари 26, 2015

Лисабон, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Лигата на Европа ќе се одиграат реванш-мечевите од 1/6 финалето во нокаут фазата. Најинтересни дуели треба да бидат оние во Ротердам, Фиренца, Салцбург, Минхенгладбах, Истанбул и Билбао.

Евертон, Клуб Бриж и Наполи, сосема мирно го чекаат возвратниот дуел по предноста која ја стекнаа на првиот меч, а со многу оптимизам во реваншот влегуваат Зенит, Волфсбург, Дњипро и Интер.

Два натпревари ќе се играат од 18:00 часот, додека останатите средби ќе се играат во терминот од 19:00 и 21:05 часот. (Крај)

Четврток 26 февруари:

18.00 Зенит – ПСВ (прв натпревар 1:0)
18.00 Динамо Москва – Андерлехт (0:0)
19.00 Борусија Минхенгладбах – Севиља (1:0)
19.00 Легија – Ајакс (1:0)
19.00 Динамо Киев – Гингамп (1:2)
19.00 Фиорентина – Тотенхем (1:1)
19.00 Салцбург – Виљареал (1:2)
19.00 Бешикташ – Ливерпул (1:0)
19.00 Интер – Селтик (3:3)
21.05 Евертон – Јанг Бојс(4:1)
21.05 Бриж – Алборг (3:1)
21.05 Атлетик Билбао – Торино (2:2)
21.05 Спортинг Лисабон  – Волфсбург (0:2)
21.05 Олимпијакос – Дњипро (0:2)
21.05 Наполи – Трабзон (4:0)
21.05 Феенорд – Рома (1:1)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука