мај 8, 2023

Охрид, 8. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во организација Федерација на училишен спорт на Македонија, утре, на 9-ти мај 2023 година, со почеток во 10:30 часот, во спортската сала или полигонот во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид ќе се одржат Регионалните спортски игри за Третиот регион за ученици со посебни потреби во основното образование.

– Учениците ќе се натпреваруваат во Тробој (трчање на 50 метри скок во далечина од место и фрлање ѓуле), Полигон, Пинг-Понг, Кошарка и Мал Фудбал. За ученици до 1-5 одделение организирани се штафетни игри. На игрите учествуваат: ООУ „Св. Климент Охридски“ Охрид, ООУ „Климент Охридски“ Прилеп, ООУ „Климент Охридски“ Македонски Брод, ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга, ООУ „Страшо Пинџур“ Кавадарци и Дневен центар при ЈУМЦСР – Гевгелија, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука