јули 8, 2019

Охрид, 8. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Согласно препораките на УНЕСКО, општина Охрид изработи Регистар на нелегални градби, но се’ уште не се знае дали истиот ќе биде јавно обелоденет.

Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески вели дека истиот треба да се дообработи, па доколку постојат законски можности да тоа биде документ од јавен карактер, истиот ќе биде објавен.

– Општина Охрид за првпат во историјата, и единствена во државата, во согласност со препораките на УНЕСКО направи Регистар на нелегални градби. Кога ќе се дофилтрира и дообработи, доколку постои законски можности да тоа биде документ од јавен карактер ќе го објавиме, рече Георгиески.

Во регистарот се идентификувани 1.076 предмети за кои е констатирано прекршување на законот за градење. Од нив, фрапантни 409 се лоцирани во заштитниот појас. Градоначалникот потенцира дека секој, без исклучок, ќе сноси одговорност за постапувањето и непостапувањето независно дали се работи за сторители на прекршоци или институции кои не постапувале соодветно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука