Ретка снимка од 1934 година – Вечната убавина на манастирот Свети Наум

Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина.

Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

Поглднете ретка видео снимка на манастирот од далечната 1934 година. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архивска од друг период видео: YouTube/oooMKDooo

scroll to top