септември 2, 2019

Охрид, 2. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Согласно одлуката на Советот на СОНК во охридските основни и средни училишта денеска се спроведе најавениот предупредувачки штрајк, вели за Супер радио и OhridPress претседателот на Регионалниот одбор на СОНК во Охрид, Аце Речкоски.

– Штрајкот се спроведе во прва смена, настава немаше, беа реализирани само свечените приредби за првачињата, сепак тоа е нивно прво влегување во училишните клупи. Притисоци врз вработените немаше, вели Речкоски.

Основниот мотив за предупредувачкиот штрајк е нискиот социјален статус на вработените во оваа дејност. Повеќемесечните апели и обиди за решение на проблемите на вработените во оваа дејност помеѓу синдикатот и надлежното министерство не вродија со плод.

Во текот на овој месец Синдикатот ќе преговара со Владата за нивното барање платите на просветните работници да пораснат за 25%. Доколку нема решение во текот на септември, штрајкот ќе прерасне и во генерален. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука