февруари 9, 2022

Охрид, 9. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Стабилна е ковид состојбата во објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“.

Директорката Мери Рилкова во изјава за Супер радио и OhridPress истакна дека моментално има една група деца и воспитувачка и негувателка кои се во изолација, а им истекува за два до три дена. Потенцира дека периодов е зголемен бројот на дечиња кои доаѓаат во градинка.

– Се зголеми бројот на деца, последнава недела речиси дупло повеќе доаѓаат. Засега состојбата е мирна, за 2-3 дена излегуваат од изолација една група деца и негувателка и воспитувачка, рече Рилкова.

Има само една негувателка позитивна на COVID -19 во охридската градинка

Таа упати апел до родителите ако забележат кај децата симптоми слични на ковид да не ги носат во градинка и да се обратат на лекар.

– Апелирам до родителите сепак ако забележат симптоми кај децата слични на ковид, настинка или грип, или ако во семејството имаат некој член со симптоми, да не ги носат децата во градинка. Еве и бројот на деца сега е поголем. Вработените се совесни, голем дел се вакцинирани и секој кога забележи симптоми е совесен и не доаѓа на работа, заради безбедност на другите. Уште еднаш апелирам родителите да бидат внимателни, вели Рилкова.

Согласно протоколите, во групите за деца од 2-6 години може да се згрижат до 25, а во јасли, односно од 0-2 години до 15 дечиња во група. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука