февруари 22, 2018

Охрид, 22. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – „Семос Едукација“ после 22 години успешна работа во Скопје е присутен и во Охрид, како официјален партнер на Лиго Центарот за компјутерска едукација од Охрид, каде денеска се одржа вториот отворен инфо ден.

Денес во „Радио Корнер“ со Александра Алексијевска разговараа претставници на „Семос Едукација“, Дијана Василевска, раководител на одделот за возрасни и Наташа Ристевска Тодороска, раководител на одделот за едукација на деца.

Супер радио: Ова е втор отворен ден кој го организирате во Лиго Центарот за компјутерска едукација, официјален партнер на „Семос Едукација“. Која е целта на ваквите отворени денови?

Василевска: Ова е втор ваков отворен ден откако постоиме во Охрид, во соработка со нашиот официјален партнер, Центарот за компјутерска едукација Лиго. Отврениот ден започна во 11:00 часот и ќе трее до 18:00 часот. Центарот се наоѓа наспроти ОУ „Григор Прличев“, во мини базарот „Гранит“ и е можност и за старите и за новите слушатели на курсеви да се запознаат со програмите, обуките, предавачите и можностите за сертифицирање на стекнатите знаења. Истовремено отворениот ден е можност и ние да ги слушнеме желбите и потребите на слушателите и заинтересираните и да воведеме нови курсеви од соодветно поле на интерес, а кои веќе 22 години успешно се спроведуваат во „Семос“ Едукативниот центар во Скопје.

Супер радио: Лиго во Охрид функционира веќе неколку месеци. Какви се досегашните искуства и за кој курс досега охриѓани покажаа најголем интерес?

Ристевска Тодороска: Задоволни сме од интересот за нашите компјутерски курсеви. Работиме тековно со неколку групи, неколку групи веќе ги завршија курсевите и на денешниот отворен ден ќе им ги доделиме дипломите. Почнуваме да работиме и со нови групи, почнуваме да работиме и со нови програми, затоа и организираме отворен ден по втор пат, за да може детално да се информираат потенцијално заинтересираните за курсевите, меѓутоа и да може да разменат искуства со оние кои веќе ги поминале обуките. Нам ни се особено значјни искуствата на нашите слушатели и сметаме дека најубаво е искуството кога се раскажува од прва рака. Курсот за Excel во моментов е најбаран во Охрид, но исти се искуствата и во Скопје во„ Семос Едукација“.

Супер радио: Програмерите се денес многу барани на пазарот на турд и претпоставката е дека во иднина ќе се зголемува овој тренд. Што оваа професија, но и сите други кои произлегуваат од IT секторот, ги прави многу атрактивни?

Василевска: IT професиите се атрактивни затоа што во моментов се најбарани, не само кај нас, туку и во светот. На оние кои се во IT индустријата им е интересно да работат на големи проекти, интересно е тоа што овие професии креираат нешто ново и единствено, што е многу мотивирачки. IТ професиите се атрактивни и поради тоа што за нив не постојат бариери од светот,  на пример можеш да работиш од дома во Македонија, за фирма која да речеме се наоѓа во Нов Зеланд, односно атрактивни се и во иднина ќе бидат уште повеќе, и поради тоа што тие што самите можат да го избираат местото и начинот на работа (од дома, на далечина, полно работно време или половично…). Достапноста на работни места, со доста солидна заработувачка, надополнета со задоволството при работењето ги прави IT професиите многу атрактивни.

Супер радио: Специфично за IT професиите е доживотното учење, континуираната надградба во потребата да се биде во чекор со новите технологии.

Василевска: Точно така, технологиите се менуваат и постојано треба да се учи, бидејќи формалното образование континуирано треба да се надополнува со неформално образование, каде секој може да се доусоврши, дообразова или да се специјализра конкретно за одредена тема. Тоа најдобро се прави преку Едукативните компјутерски центри.

Супер радио: Како раководител на одделот за детски курсеви, која е најраната детска возраст која ја препорачувате за најмладите да почнат да ја изучуваат базичната компјутерска писменост?

Ристевска Тодороска: Многу често денес за децата велиме дека се родени со компјутер, но кога станува збор за едукацијата и учењето на тоа дека компјутерот покрај тоа што служи за игри и забава има и друга намена, сметаме дека најдобра возраст е од осмата година. Нашите курсеви за деца се однесуваат на возрасната рамка од 8 до 15 години. Децата мора да се писмени и да можат да одржат концентрација за времетрањето на часот.

Супер радио: Рековте отврените денови кои ги организирате се прилика потенцијално заинтересираните за курсевите да се запознаат и да поразговараат со предавачите, кои веројатно се најважниот сегмент во едукацијата. Какви се стандардите, како тука во Охрид се селектираат предавачите?

Ристевска Тодороска: Стандардите за предавачи, како во „Семос Едукација“ во Скопје, така и во Охрид се исти. Многу е важно тие да не се теоретичари, туку да се практичари, луѓе кои го практикуваат делот од IT сегментот што го предаваат. На пример, предавачот што држи часови за програмирање и самиот е програмер, веб дизјанерите се предавачи за веб дизајн итн. Освен тоа, тие ја поминуваат менторската програма на „Семос Едукација“, како од содржински и технички аспект, така и од методика на предавање. Иситие процедури ги поминуваат и предавачите во Охрид, како и предавачите во Скопје во „Семос Едукација“. Горди сме што предавачите во Лиго се локални луѓе, но по потреба за одредени теми носиме предавачи и од Скопје.

Супер радио: Какви курсеви во моментов нуди Лиго Центарот?

Ристевска Тодороска: Задоволни сме што има многу интерес и за детските и за курсевите за возрасни. Во однос на детските курсеви, во моментов Лиго нуди курсеви за основни IT вештини прв степен, каде што се изучуваат Office, Windows итн, потоа Photoshop Illustrator, програмирање, основи на C++ програмирање итн. Сега имаме нови уписи и нова група дечиња за курсот за основни IT вештини, каде децата ги добиваат основните компјутерски вештини. Во моментов нудиме и дополнителен попуст од 20% кој важи за сите курсеви и за деца и за возрасни. Во однос на курсевите за возрасни, најголема заинтересираност има за Excel курсот, тоа не е изненадување, бидејќи и во Скопје во „Семос Едукација“ тоа е најбараниот курс. Една група во Лиго веќе го помина курсот и за брзо ќе почне со обука следната група. Освен Excel, тука се и кусевите Adobe, Advendor и навистина уште могу други курсеви, за кои времето не ми дозволува повеќе да зборувам. Сите заинтересирани уште еднаш ќе ги поканам денеска во Лиго Центарот на вториот отворен ден , каде ќе ги добијат сите потребни детали околу курсевите и да поразговараме околу тоа што се можете да постигнете со знаење.

bistrocorner1Емисијата „Радио Корнер“ се емитува на Супер радио секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Бистро „Корнер“. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука