ноември 28, 2017

Охрид, 28. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Лидерот во IT едукацијата, Семос Едукација, после 22 години успешна работа во Скопје, отсега е присутен и во Охрид. По повод отворањето на LIGO центарот, кој е партнер на Центарот за компјутерски обуки Семос Едукација, Наташа Ристеска Тодороска, раководител на детскиот едукативен центар на Семос едукација, гостуваше во „Радио Корнер“ со Александра Алексијевска на Супер радио.

За какви курсеви и програми станува збор и што се` може да се научи во овој центар, прочитајте повеќе во мини-интервјуто за Супер радио.

Супер радио: За какви курсеви станува збор и за кого се наменети?

Ристеска Тодороска: Наједноставно кажано станува збор за компјутерски курсеви. Во Семос Едукација имаме курсеви за деца кои се дел од Детскиот едукативен центар, но се разбира имаме и курсеви за возрасни. Имаме курсеви за основни IT вештини, потоа за програмирање, графички дизајн, веб дизајн, компјутерски мрежи, односно се` што спаѓа во рамките на IT технологијата. Имаме курсеви и за професионалци, односно луѓе кои професионално работат со информатичката технологија.

Semos1Супер радио: Кажете ни нешто повеќе за можеби најважниот сегмент, односно предавачите кои се дел од Семос Едукација во Охрид?

Ристеска Тодороска: Стандардите за предавачи, како во Семос едукација во Скопје, така и во Охрид се исти. Многу е важно тие да не се теоретичари, туку да се практичари, луѓе кои го практикуваат делот од IT сегментот што го предаваат. На пример, предавачот што држи часови за програмирање и самиот е програмер, веб дизјанерите се предавачи за веб дизајн итн. Истите се обучени со нашите методи на работа, преку наша специјална менторска програма.

Супер радио: Колку траат курсевите и постои ли можност за плаќање на рати?

Ристеска Тодороска: Детските курсеви траат 30 часови, но во зависност од програмата има курсеви кои траат подолго. Наставата се одвива два пати неделно по два школски часа. Постои можност за плаќање на рати, а по повод стартувањето со работа на Семос Едукација во Охрид нудиме 20% попуст.

ligcentarСупер радио: Која е основната цел на детските курсеви?

Ристеска Тодороска: Се разбира ние треба да ги научиме дечињата во врска со софтверот или апликацијата за која се заинтересирани. Меѓутоа, можеби уште поважно е децата од најмала возраст да ја научат вистинската намена на компјутерот и да разберат дека тој не служи само за рекреирање, за игра и на тој начин да го намалиме негативното влијание на компјутерите, за што се свесни сите родители. Значи освен основната цел, децата да ја совладаат програмата за која пројавиле интерес, цел ни е и да ја кренеме свеста кај децата дека компјутерите се наменети за сосема друга цел, освен за играње игри и социјални мрежи.

NatasaSemosСупер радио: По успешното завршување на курсевите се добиваат ли дипломи?

Ристеска Тодороска: Во однос на детските курсеви, по завршувањето се добива диплома за завршен курс од Семос Едукација. Со самото тоа што на пазарот сме присутни 22 години, нашите дипломи имаат тежина. Кога разговараме за меѓународно признати серитфикати, тоа е еден друг процес на сертификација, каде се полагаат испити. Ние како Семос Едукација сме партнери на многу „вендори“ од областа. Ние сме Microsoft gold learning partner, авторизиран Cisco партнер, авторизиран тренинг на Oracle итн. да не ги набројувам, бидејќи се многу. Во едукацијата за возрасни, сертфикатите што ги добиваат првично од самите „вендори“ се меѓународно признати и го потврдуваат стекнатото знаење.

Супер радио: Имате ли некој план за оние посебно талентирани дечиња?

Ристеска Тодороска: Ние сме партнер на Здружението на информатичари на Република Македонија. Веќе осум години активно учествуваме во Државниот натпревар за програмирање. Подготвуваме наши деца, посебно талентирани за информатка, се натпреваруваме и досега сме многу успешни. Конкретно имаме едно девојче, ученичка од Охрид, која две години секоја сабота патува до Скопје и учествува како натпреварувач на Семос едукација, а таа е најмалата од кога постои Државниот натпревар по информатика во Македонија. Да резимирам, секое дете за што е талентирано, натаму и го насочуваме.

bistrocorner1Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Бистро „Корнер“. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука