август 9, 2023

Скопје/Охрид, 9. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Рокот за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023/2024 година, за тековните студенти, истекува утре. Пријавувањето  е преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/

– По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, од страна на Шпаркасе банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката – субвенциониран студентски оброк, ќе бидат повикани во некоја од филијалите за да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата, соопштија од министерството.

Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 1-ви до 7-ми октомври. Понатаму, можноста за аплицирање ќе биде отворена од 1-ви до 7-ми секој нареден месец, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука