октомври 23, 2014

Ливерпул, 23. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Менаџерот на Ливерпул Брендан Роџерс изјави дека неговиот тим играл добро само во текот на првите 22 минути од натпреварот против Реал Мадрид.

Реал ја доби дерби средбата во групата Б против Ливерпул на гости со 3:0, во рамките на третото коло од Лигата на шампионите.

– Во текот на првите 22. минути игравме одлично, но Реал по постигнатиот гол го покажа својот квалитет. Може да се видат квалитетите на Реал – брзина, техника… Тоа може да се види затоа што се шампиони, изјави Роџерс.

Стрелец на првиот гол за Реал беше Кристијано Роналдо, за кого тоа беше првиот гол постигнат на „Енфилд“ во кариерата. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука