февруари 25, 2015

Цирих, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Швајцарецот Роџер Федерер оваа година нема да настапи за швајцарската репрезентација во Дејвис купот.

Швајцарската репрезентација го брани трофејот во ова натпреварување, а со ланскиот триумф Федерер оствари една од своите последни желби во кариерата.

На швајцарецот сега му недостасува само трофеј од Олимпијада во сингл, а последна шанса да стигне до него се ЛОИ во Рио де Жанеиро наредната година.(Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука