февруари 13, 2015

Москва, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Русија бара итен прекин на огнот во Украина, а крајниот рок, во недела наутро е договорен на преговорите во Минск под притисок од бунтовничките лидери, изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

– Русија бара итно запирање на огнот, пишува весникот „Комерсант“, кој го цитира портпаролот на Путин.

Тој вели дека овој датум, 15-ти февруари бил избран „по желба на сепаратистите“, а поради проблемите со „ефикасно постигнување на истовремен прекин на огнот“.

– Бунтовниците активно ги изразија своите барања, кои требаше да бидат слушнати, додаде Песков. Тој коментира дека Путин „вложил големи напори за да ги убеди бунтовниците да го потпишат документот“. Во четвртокот Путин изјави дека преговорите биле продолжени, бидејќи Киев одбил да разговара директно со бунтовниците. (Крај)

извор: ОхридПрес/АФП фото: АП

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука