јануари 28, 2015

Њујорк, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Вашингтон сака решавање на спорот за името меѓу Скопје и Атина, изјави американскиот помошник-државен секретар за прашањата на Европа и Евроазија, Викторија Нуланд.

Спорот за името меѓу властите во Скопје и Атина треба да биде решен. Ова ќе и овозможи на Македонија да се приклучи кон НАТО и Европската Унија, рече помошник-државниот секретар Нуланд.

– Се надевам дека ќе продолжиме со преговорите со грчката влада и да го решиме долгогодишниот спор, кој го блокира членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Се надеваме дека ќе се најде добро решение, бидејќи решението на овој спор не е само во интерес на стабилноста на Македонија и целиот Балкан, туку и на Грција, рече таа за време на дискусијата, што се одржа во Институтот “Брукингс” во Њујорк.

Помошник-државниот секретар смета дека стабилноста на Балканот зависи од продолжувањето на политиката на отворени врати на НАТО и ЕУ.

Викторија Нуланд понуди и конкретни мерки за помош на Балканот, кои ќе ја намалат зависноста од рускиот гас, пренесуван преку Украина. (Крај)

извор: ОхридПрес/БГНЕС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука